Во чест на наградените на платото пред битолскиот Офицерски дом ќе се одржи Вечер на интернационална музика и игра на која ќе настапат ансамбли и фолклорни групи од Србија, Бугарија, Италија, Хрватска, Ирска, Грузија и Мексико.
Според востановената традиција, фестивалот ќе заврши со настап на членовите на КУД „Илинден“-Битола, кои како што е познато секоја година, со орото „Комитско“ го отвораат фестивалот.
Претпладнево за гостите од странство градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски ќе приреди прием во својот кабинет.
А светски признатиот британски медиум Гардијан во рубриката фотографии на денот, во која се селектирани фотографии од целиот свет, објави фотографија од фестивалот.
Автор на фотографијата е фотографот Огнен Теофиловски (Ognen Teofilovski/Reuters) кој фотографирал детал од подготовките пред настап на фестивалската сцена во Битола на членови од ансамблот Ballet Folklorico De Temuco од Чиле.
Фото: Огнен Теофиловски/Ројтерс
„Гостите од Чиле прв пат престојуваат во Битола, а на големиот македонски културен настан учествуваат на покана на НУ Центар за култура и канцеларијата на ЦИОФФ во Македонија, информира Марсело Алварадо, директор на фолклорната група од чилеанскиот град Темуко.
Најновото 53. издание на фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“ завршува вечер со доделување на признанија и награди за најдобрите учесници и ревијален настап на гостите од странство.