сабота, 27 јули 2024

Во Битола кај едно лице пронајдени дрога, пушка и куршуми

Битолската полиција вчера го приведе А.Ј. (34) поради поседување ловна пушка „застава“ кал.12, дрвен кундак од пушка, куршуми, бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, нож со остатоци од бела прашкаста материја, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат денеска од МВР, претресот бил извршен во домот на лицето вчера во 19:45 часот. А.Ј. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ