среда, 22 јануари 2025

Во Битола и Струмица е нездраво да се дише, пожарите го дозагадија и онака загадениот воздух

Големите пожари што деновиве ги зафатија пошироките подрачја на Битола, Кавадарци, Струмица, Неготино, Штип, Радовиш, Гевгелија на надлежните им наметнаа уште еден проблем, а тоа е екстремното загадување.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

Според АјКјуЕр (www.iqair.com) воздухот во Битола е нездрав и засега овој град е најзагаден во Македонија.  Дефинираниот праг на алармирање е 154 микрограми честички на метар кубен. Денеска во Битола се измерени 59,6 милиграми на метар кубен ПМ 2,5 честички што е за скоро 12 пати повеќе од дозволената граница на концентрација на овие честички според Водичот на Светската здравствена организација (СЗО).

Најзагадено во градот е на втората мерна станица во Битола кај Стрежево каде е измерен дефинираниот праг на алармирање од 157 микрограми честички на метар кубен, а најмалку е загадено на првата мерна станица кај УХМР со измерен дефиниран праг на алармирање од 151 микрограми честички на метар кубен.

Според истиот извор ништо подобро не е ниту во Струмица. Таму воздухот е оквалификуван како нездрав за чувствителните групи на луѓе (хронично болни, трудници, стари и изнемоштени луѓе…).

Денеска во Струмица се измерени 51,5 милиграми на метар кубен ПМ 2,5 честички што е за 10 пати повеќе од дозволената граница на концентрација на овие честички според Водичот на Светската здравствена организација (СЗО). Дефинираниот праг на алармирање е 140 микрограми честички на метар кубен.

Што се однесува до Кавадарци квалитетот на воздухот е означен како умерен, но сепак се измерени 30 милиграми на метар кубен ПМ 2,5 честички што е 6 пати повеќе од дозволената граница на концентрација на овие честички според Водичот на Светската здравствена организација (СЗО). Дефинираниот праг на алармирање е 90 микрограми честички на метар кубен.

Скопје пак и тука квалитетот на воздухот е означен како умерен. Измерени се 21,4 милиграми на метар кубен ПМ 2,5 честички што е за 4,3 пати повеќе од дозволената граница на концентрација на овие честички според Водичот на Светската здравствена организација (СЗО). Дефинираниот праг на алармирање е 74 микрограми честички на метар кубен.

Светската здравствена оргазнизација препорачува да се избегнува престој на отворено, прозорите да бидат затворени за да се избегнете навлегување на нечист воздух однадвор, ако мора да се престојува на отворено обавезно да се носи маска и во домовите секогаш да биде приклучен прочистувач на воздух.

И.О.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ