понеделник, 28 октомври 2024

Во билтенот на МВР бројни врие од случаи на семејно насилство

Физички нападнати сопруги од поранешни партнери или сопрузи, а најчесто од  актуелни животни сопатници во Скопје, Сарај, Крушопек, Штип, Пробиштип… бројни се случаите за кои денес известува МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Рано утрово во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.М. (63) од Штип, поради тоа што  вчера во семејниот дом упатувал закани на својата 66-годишна сопруга.

М.М. (24) од Скопје вчера пријавила дека на подрачјето на Општина Аеродром била нападната од А.С.(29) од Скопје.

Вчера полициски службеници извршиле службен разговор со Ѓ.С. (31) од Скопје, по претходна пријава  дека на 26 октомври во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров физички ја нападнал својата 28-годишна сопруга.

Д.Д. (42) од село Стајковци, Скопско, пријавил дека во дворот од семејната куќа бил физички нападнат од А.Н. (36) од Скопје.

33-годишна жена од Скопје пријавила дека вчера околу 19 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.Д. (42) од Скопско.

Во Сарај полицијата го привела Џ.М.(48) од село Крушопек, Скопско, по претходна пријава дека во семејниот дом се однесувал агресивно, кршел од покуќнината, а потоа физички ја нападнал својата 44-годишна сопруга.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ