вторник, 23 април 2024

Во БиХ уапсени три лица кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишната Данка

Три лица од околината на Хаџиќ, кантон Сараево, се уапсени поради тврдење дека имаат информации за исчезнатото девојче Данка Илиќ и за таа информација барале 50.000 марки.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Федералната полициска управа, постапувајќи според актот на НЦБ Интерпол Белград, презеде мерки и дејствија во своја надлежност, што резултираше со лишување од слобода на три лица на територијата на Хаџиќ, кантон Сараево“, пренесе Н1 Сараево.

Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа ги лоцирале преку ај-пи адресите кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче во Србија, односно барале 50.000 конвертибилни марки за откривање информации.

„Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, во тек е криминалистичка обработка на лица лишени од слобода“, изјави сојузниот инспектор Ервин Мушиновиќ.

Вчера на социјалните мрежи се појави видео клип од надзорна камера на куќа лоцирана во близина на местото каде во 13 часот и 45 минути исчезна Данка Илиќ.

На снимката се гледа автомобил кој вози брзо во 13 часот и 47 минути, малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ