недела, 19 мај 2024

Во БиХ уапсена мрежа на криумчари, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадници на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсиле 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални мигранти преку границата со Хрватска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Акцијата под кодно име „Пирамида“ координирана од Обвинителството на БиХ била спроведена на 16 различни локации низ земјата, односно во Бихаќ, Чазин, Бреза, Високо, Сараево, Какањ и Велика Кладуша.

Како што беше утврдено во досегашната истрага, уапсените организирале илегално преминување на границата на најмалку 600 лица, од кои стотина се деца.

„Според прелиминарните податоци, оваа меѓународна организирана криминална група во изминатите шест месеци остварила финансиска корист од повеќе од шест милиони конвертибилни марки (три милиони евра)“, се вели во полициското соопштение.

Разбивањето на оваа мрежа на трговци со луѓе е спроведено заедно со Управата за криминалистичка полиција на МВР на Република Хрватска и ЕВРОПОЛ и со учество на припадници на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА).

Граничната полиција на БиХ наведува дека продолжува да презема мерки за спречување на шверцот на луѓе, особено против организираните криминални групи.

Оттаму потсетуваат дека во првите три месеци од годинава полициски службеници и гранични полицајци до обвинителството поднеле 83 пријави против 177 лица поради постоење основи на сомнение дека сториле 110 кривични дела криумчарење луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ