среда, 25 декември 2024

Во БиХ уапсен еден од најбараните европски бегалци (ФОТО)

Вчера на Јахорина, во акција на министерството за внатрешни работи на Република Српска, е уапсен Младен Самарџија, кој досега се водеше како еден од најбараните бегалци по кои трагаше Интерпол, јавува Кликс.

Објавено на

часот

Сподели

Младен Самарџија е роден во 1990 година, а е обвинет дека е член на меѓународна криминална група која дејствувала во рамки на поголемата меѓународна криминална група од Црна Гора позната како Кавачки клан.

„Преку Скај комуникација го координирал ракувањето и испораката на нелегални дроги и пари и регрутирал нови членови на криминалната група. Со кривични дејства тој противправно прибавил голема имотна корист“, се наведува во обвинението против него. Самарџија бил означен како опасен.

апсење-јахорина

Повикувајќи се на документите од истрагата, словенечките медиуми наведуваат дека Самарџија важел за добавувач на хероин кој во август 2020 бил мета на прикриени истражители на словенечката полиција. Како што е објавено, тајни агенти од куририте на Самарџија купувале хероин, а на пакувањата се откриени и негови отпечатоци од прстите.

апсење-јахорина

Самарџија бил уапсен и минатата година на Пале, населба во близина на Сараево. Во автомобилот кој го возел биле најдени 58.000 евра и четири мобилни телефони кои, заедно со автомобилот, му биле одземени.

И покрај словенечката потерница, бил пуштен на слобода бидејќи од екстрадиција го штитело двојно државјанство. Медиумите го поврзуваат и со убиениот шеф на шкаљарскиот клан Јован Вукотиќ, кој му е кум.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ