сабота, 27 јули 2024

Во Белград промовирано делото „Дамата со шеширот“ од пехчевската поетеса Габриела Костадинова

Новата книга на пехчевската поетеса Габриела Костадинова „Дама со шеширот“ денеска беше промовирана во Белград, Србија.

Објавено на

часот

Сподели

Книгата, која беше промовирана во рамки на Саемот на книгата, како што информираше авторката, е издадена од Српско уметничко друштво од Белград.

„Чест и задоволство е да се биде единствен претставник од Пехчево и Македонија и единствена поетеса на кого Српско уметничко друштво Белград оваа година на саемот ѝ направи промоција. Благодарност до Неџо Чича Стојановиќ за укажаната чест“, истакна Костадинова.

Габриела Костадинова досега ги има објавено книгите поезија „Записи на болката“ и „Црвената боја на љубовта“.

Прогласена е за почесен граѓанин и успешна жена на Општина Пехчево за нејзините достигнувања во областа на културата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ