сабота, 27 јули 2024
„Србија против насилството“

Во Белград пак протест, обрач околу РТС

Објавено на

часот

Сподели

Протестот се одржа во форма на протестна прошетка од Народното собрание низ центарот на Белград во вид на голем прстен околу зградата на РТС. Од јавниот сервис се бара на вистински начин, непристрасно и одговорно да известува за проблемите на општество, масовните убиства, протестите и барањата на протестите, како и за начинот на кој можат да ја надминат оваа трагедија. 

Организаторите овојпат ги повикаа граѓаните да понесат по еден цвет и да го остават пред Народното собрание, за да се покаже почит кон жртвите на масовните убиства овој месец.

„Бараме од сите граѓани да покажат најголема можна одговорност кон мирниот и ненасилен карактер на протестот. Режимот нема одговор на ова и тие би сакале да има насилство или инцидент. Поради чувствителноста на моментот во кој се одржува протестот, треба да покажеме дополнителна доза на одговорност и во случај на какви било провокации веднаш оддалечете се од провокаторите, изолирајте ги и немој да дозволете да манипулираат со протестот“, повикаа организаторите.

Пратеникот Александар Јовановиќ на протестот за Н1 изјави дека по митингот на власта ден пред тоа, прашање е само што ќе направи Александар Вучиќ.

„Добро е тоа што почна да ги исполнува барањата.Тој ќе ги исполни сите барања, а наше е мирно да шетаме“, кажа Јовановиќ.

На протестот повик упатија – Демократската партија, Народната партија, Зелено-левиот фронт, Не го давиме Белград, партијата Заедно, Партијата за слобода и правда, Движењето на слободни граѓани, Синдикатот Слога и Движењето за пресврт.

Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.

Причината за овие протести се двете масовни убиства што се случија во Србија во почетокот на месец мај. Во основното училиште „Владислав Рибникар“, 13-годишен ученик уби девет деца и чуварот, а повредени се седум деца, додека во масакрот во Младеновац, починаа осум, а ранети беа 14 лица.

Граѓаните во Србија се кренаа на нозе и организираа протести против насилство на кои упатија низа критики до власта за промовирање на насилство во јавниот простор и медиумите. Секој од трите протести беше се помасовен од претходниот. На вториот протест биле приустни околу 50.000 луѓе, а на третиот и до 100.000 луѓе.

На завчерашниот митинг во Белград кој беше одржан на повик на српскиот претседател Александар Вучиќ, тој повика на дијалог за барањата од протестите, но додаде дека нема да има преодна влада, туку новата влада ќе се избере на избори и според вољата на народот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ