понеделник, 21 октомври 2024

Во Белград отворен музеј на четничкиот генерал Дража Михајловиќ (ВИДЕО)

Вчера во Белград беше отворен музеј посветен на четничкиот водач Драгољуб Дража Михајловиќ. Спомен-собата е сместена во Брегалничка улица, на местото каде што се наоѓа семејната куќа на Михајловиќ, во која четничкиот генерал живеел до почетокот на војната.

Објавено на

часот

Сподели

Споменикот на Дража Михајловиќ го откри српскиот академик Матија Беќковиќ.

„Браќа и сестри, дами и господа, во Брегалничка улица каде што му била куќата, откриваме споменик на безгробниот генерал. Неговата улица би можела да се вика и Церска или Кајмакчаланска.

Тој споменик ни треба нам, не на него. Генералот Михајловиќ нема конкуренција меѓу српските нови маченици. Генералот Михајловиќ е прогласен за предавник, а со тоа и српскиот народ предавнички. Повторуваше само едно, никогаш, никаде и по никоја цена под која било команда немало соработка со окупаторот. Ревизија го нарекуваат откривањето на вистината. Без помирување нема надеж за спасување“, кажа Беќковиќ.

Суд во Белград во 2015 година го рехабилитираше Дража Михајловиќ, додека четничкото движење беше изедначено со партизанското.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ