петок, 27 декември 2024

Во Белград осамнаа плакати со Трамп и Маск: „Да ја направиме Србија повторно голема“ (ФОТО)

Конзервативното движење Наши во центарот на Белград постави плакати со ликовите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и најбогатиот човек во светот со слоганот „Да ја направиме Србија повторно голема“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа акција, која многумина ја окарактеризираа како националистичка и провокативна, доаѓа во момент на засилени тензии во регионот околу историските прашања и територијалните претензии“, соопшти српската Асоцијација на електронски медиуми.

„Додека конзервативното движење Наши тврди дека кампањата е повика за повторно кревање на Србија и исправање на историските неправди кон српскиот народ, многу граѓани и аналитичари сметаат дека ваквата содржина може да предизвика дополнителни поделби и да поттикне екстремистички ставови во општеството“, додава АЕМ.

„Употребата на ликот на Доналд Трамп како симбол на поддршка дополнително го сврте вниманието, имајќи го предвид неговиот контроверзен политички профил и пораките кои често ја делат јавноста во Соединетите Американски Држави и пошироко“, истакнуваат од асоцијацијата.

„Го поддржуваме Доналд Трамп како лидер кој покажа сила во борбата за суверенитетот на својата земја и отворено истапи против глобалистичката политика која ги загрозува националните интереси. Неговата порака „Да ја направиме Америка повторно голема“ нè инспирираше и нас бидејќи веруваме дека Србија мора да ја обнови својата големина и сила“, порачаа од движењето Наши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ