сабота, 19 октомври 2024
Нов напаѓач е една од желбите

Во Баерн најавуваат рекорден трансфер: Можеме да потрошиме 100 милиони евра на еден фудбалер!

Објавено на

часот

Сподели

Баерн Минхен е подготвен да го собори сопствениот трансфер рекорд ова лето, клубот од „Алианц Арена“ може да инвестира 100 милиони евра во еден фудбалер.

„Да, можам да потврдам дека Баерн може да потроши 100 милиони евра за еден фудбалер, но мора да се поклопат сите коцки“ – вели претседателот на „баварците“, Херберет Хаjнер.

Тој сепак не кажа дали оваа инвестиција ќе биде во фудбалер од средниот ред како Деклан Рајс од Вест Хем или пак за нов напаѓач од типот на Хари Кејн од Тотнем или Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт.

„Мора да видиме кој најдобро ќе се вклопи во Баерн Минхен, исто така и Томас Тухел има што да каже“.

„Но добро познато е дека сакаме да донесеме нов напаѓач“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ