Одлуката за судбината на зградата во Бранау, градот на границата на Австрија со Германија, беше донесена на крајот на 2019. Плановите предвидуваат полициска станица, окружен полициски штаб и филијала на академијата за безбедност каде полицајците ќе посетуваат обука за човековите права.
Се очекува полицијата во зградата да се всели на почетокот на 2026 година.
Долгогодишниот спор за сопственоста на зградата конечно беше решен во 2017 година кога највисокиот австриски суд одлучи дека владата има право да ја користи зградата откако нејзиниот сопственик одби да ја продаде. Отфрлен е предлогот таа да се урне.
Зградата била изнајмена од страна на министерството за внатрешни работи од 1972 година за да се спречи нејзина злоупотреба и давана е под закуп на разни добротворни организации. Останала празна откако центарот за грижа за возрасни со инвалидитет се отселил во 2011 година.
Одлучено е пред куќата да остане спомен-каменот со натпис „За слободата и демократијата. Никогаш повеќе фашизам. Милиони мртви нè потсетуваат“.
Австриската влада тврди дека вселувањето на полицијата, како чувар на граѓанските слободи, е најдобриот начин за употреба на зградата.