Во Македонски Брод веќе 24 дена гори кај Тажево и Брезница и кај ловиштето Јасен. Еден од краците на пожарот се проширува кон селото и рибникот Белица. Денеска таму делуваа пет ер трактори.
За пожарот во Пехчево, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, се сомнева дека е подметнат затоа што пред само 10 дена таму беше изгаснат пожарот, а сега се појавува на само педесетина метри од местото каде што беше изгаснато. Тука на терен се пожарникари од Берово, Делчево, Кочани и Кавадарци.
Активен е и пожарот кај Новаци, кај селото Полог, каде гори ниска вегетација, трева и грмушки околу РЕК Битола.
Кај селото Патеец, Општина Кичево, гори борова и букова шума.
Пожарот на Галичица се симнува кон Стење и кон планинарските домови.
На територијата на Македонски Брод актиевн е и пожарот кај село Грешница каде делува словенечкиот хеликоптер.
Во атарот на село Пласница гори нискостеблеста вегетација и зафаќа поголема површина
На Илинска Планина дојде до разгорување на пожарот на еден од краците. Гори и кај село Бориево, Општина Босилево и кај Идризово и Долно Лисиче.
Од ЦУК велат дека вообичаено попаладне бројот на пожарите се зголемува.