понеделник, 21 октомври 2024

Во Авганистан се урна руски деловен авион

Руски деловен авион исчезна од радарот во планинска област во Авганистан, потврди руската федерална агенција за воздушен транспорт Росавијација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на локалната полиција изјави дека несреќата се случила во текот на ноќта во оддалечениот, планински регион Бадакшан на далечниот север на Авганистан.

Авганистанската полиција не го потврди типот на авионот, причината за падот ниту жртвите, а руската контрола на летање соопшти дека станува збор за авион фалкон 10 со шест лица на летот од Индија до Москва.

Несреќата се случила утрово во провинцијата Бадакшан во североисточен Авганистан, изјави Забихула Амири, шеф на локалниот Оддел за информации и култура, за новинската агенција Толо. Во областа е испратена екипа за потрага, додаде Амири.

Според Росавијација, авионот е корпоративен авион фалкон 10, регистриран во руска компанија. Авионот летал од Гаја во Индија до московскиот аеродром Жуковски, преку главниот град на Узбекистан, Ташкент, се вели во соопштението. Авионот првично полетал од аеродромот Утапао во Тајланд.

Според Росавијација, во авионот имало четири члена на екипажот и двајца патници.

Авионот вршел медицинска евакуација од тајландскиот град Патаја на Русинка придружувана од нејзиниот сопруг, соопшти рускиот конзулат во Бангкок.

Се урнал поради проблем со моторот, изјави портпаролот на талибанската влада во Авганистан Абдул Вахид Рајан во изјава на Икс (поранешен Твитер). Тој, исто така, тврдеше дека во авионот имало „седум Руси“ и дека ѝ припаѓал на мароканска фирма.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ