Протестот е одржан неколку дена пред гласањето во парламентот за таа важна реформа во Грција.
Демонстрантите, собрани кај парламентот, каде во среда или четврток би требало да биде усвоен нацрт законот кој го предложи конзервативната влада, истакнаа транспаренти на кои пишуваше „Не за хомосексуалното родителство“ и „Грчкото православно семејство е татко, мајка и деца“.
Собраните, кои се одзваа на повикот на организацијата „Не ја менуваме институцијата семејство“ скандираа „Не ги чепкајте децата“.
A protest in Athens, Greece against legalization of same-sex marriage.#London #LGBTQ #LGBT pic.twitter.com/LHoCvreG8i
— Target Reporter (@Target_Reporter) February 11, 2024
На собирот имаше неколку православни свештеници и свештенички, луѓе со крстови, но и голем број поддржувачи на екстремно десничарската партија Ники, вклучувајќи го нејзиниот лидер Димитрис Нациос.
До сега за хомосексуалните двојки со деца, родителско право над децата имаше само биолошкиот родител.
Се очекува парламентот да го усвои законот откако неколку опозициски партии најавија намера да гласаат за текстот, меѓу нив и левичарска Сириза, чиј лидер Стефанос Каселакис неодамна се венча со својот партнер во Соединетите Американски Држави.
Усвојувањето на законот е прилично контроверзен чекот во земјата во која традиционалниот семеен модел сè уште во голема мера преовладува.
Иако анкетите покажуваат дека Грците не се против легализација на истополовите бракови, големо мнозинство од нив се противи на правото на усвојување деца за истополовите двојки.