вторник, 25 јуни 2024

Во Атина, Олимпијакос и Фиорентина ќе се борат за трофејот од Конференциската лига

Вечерва на програмата е нов европско финале, во Атина на стадионот на АЕК силите ќе ги одмерат Фиорентина и Олимпијакос кои ќе се борат за трофејот од Конференциската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Олимпијакос иако нема да игра на својот стадион, може да се каже дека ќе ја има поддршката од поголем дел од публиката со оглед на тоа што финалето се игра во Атина.

Грчкиот тим цели кон испишување на историја, Олимпијакос сака да стане првиот тим од својата земја кој освоил Европски трофеј.

Тренер на Олимпијакос е Хозе Луис Мендилибар кој минатата сезона со Севиља триумфираше во Лига Европа победувајќи ја Рома во финалето.

За Фиорентина денешното финале е шанса за поправен, виолетовите минатата сезона играа исто така во финалето од Конференциската лига, тогаш загубија од Вест Хем.

За италијанскиот клуб ова ќе биде шесто европско финале, досега имаат освоено еден трофеј, во Купот на победниците на куповите (КПК), во далечната 1961 година.

Главен судија на мечот ќе биде Португалецот, Артур Сареш Диаш. Натпреварот почнува од 21 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ