сабота, 27 јули 2024

Во Атина дводневен штрајк на таксистите и општ прекин на работата во јавниот и приватниот сектор

Таксистите во грчката престолнина – кои се важен дел од јавниот превоз – денеска почнаа 48-часовен штрајк, чиј втор ден ќе се совпадне со генералниот штрајк на јавниот и на делови од приватниот сектор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 200 такси возила се провозеа низ центарот на Атина како дел од демонстрациите на првиот ден од штрајкот, кој беше свикан од нивниот главен синдикат за низа барања, меѓу кои и намалување на даноците, да им биде дозволено да возат по „жолтите ленти“ каде што сега можат да возат само автобусите и построги прописи за користењето на мобилните апликации со кои повеќе патници делат возење со такси.

Фото: ЕПА

Новите даноци воведени за самовработените ја потресоа такси-индустријата, вели Јоргос Воилис, таксист и член на синдикатот. Даночното оптоварување на такси-возилата е „финансиско понижување, надгробна плоча“ – смета тој.

Утре, среда, вториот ден од штрајкот на таксистите, ќе се совпадне со националниот генерален штрајк што го свика главниот синдикат на грчкиот јавен сектор за да ја одбележи првата годишнина од најсмртоносната железничка катастрофа во Грција. Речиси 60 луѓе загинаа, а десетици беа повредени на 28 февруари 2023 година, кога патнички и товарен воз, кои по грешка биле испратени на истата пруга, директно се судрија со полна брзина.

„Помина една година, а сторителите на таа трагедија сè уште не одговараат за своите криминални дејствија“, соопшти синдикатот на јавниот сектор АДЕДИ во најавата за штрајкот.

АДЕДИ бара и зголемување на платите за 10 отсто во јавниот сектор, поради зголемените трошоци за живот и општата инфлација, а бара и колективни договори за плати, како и голем број даночни поволности.

Штрајкот в среда се очекува да го наруши целиот јавен превоз во Атина, како и транспортот до грчките острови.

Учество најави и синдикатот на контролорите на летање, што се очекува да доведе до откажување на многу летови.

Дека ќе учествуваат во штрајкот најавија и здравствените работници во државните болници, наставниците во државните училишта и вработените во банките.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ