среда, 15 јануари 2025

Во арената во Вараждин ќе може да се внесе само официјалното знаме на Македонија

Македонската ракометна репрезентација од утре го почнува настапот на Светското првенство, нашите натпревари ги играме во Вараждин и се очекува армија на навивачи од Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

На ден пред натпреварот, Ракометната федерација на Хрватска објави неколку правила за однесувањето на навивачите кои ќе дојдат да ги бодрат своите репрезентации на натпреварите во Вараждин, Загреб и Пореч.

Во салите е забрането внесување на пиротехнички средства, оружје и тврди предмети, храна и пиење, професионална опрема за снимање, транспаренти, знамиња и други предмети кои поттикнуваат насилство, омраза или содржат политички пораки.

Тоа официјално значи дека македонските навивачи ќе може да го веат само официјалното знаме на Македонија, не и тоа со сонцето од Кутлеш.

Но и на претходните првенства постоеле такви правила, па Македонците успеале да навиваат со нашето старо знаме. Останува да се види колку ќе бидат строги Хрватите во применување на правилата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ