Пожарот избувнал во раните попладневни часови, прво во градот Портланд во државата Орегон, а потоа и во Ванкувер во соседната држава Вашингтон, на западниот брег на САД. Според првичните информации, пожарот избувнал во аголот на салата каде што биле сместени гласачките кутии. Огнот брзо се проширил, а густиот чад набрзо ја исполнил просторијата, принудувајќи ги гласачите и вработените веднаш да се евакуираат. Се запалиле и кутии на отворено.
This is what’s happening to your vote if you used a drop box like this one.
If you want your vote to count, vote in person.
Using these boxes is as good as nothing, and this will keep happening in the coming days.
They’re getting desperate… pic.twitter.com/gtqGkPYq99
— Dr. Neo (@drneodentistry) October 28, 2024
Пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот и успеале да го изгаснат пожарот, но значителен број гласачки ливчиња се оштетени или целосно уништени. Станува збор за стотици гласачки ливчиња. Изборните службеници веднаш покренаа истрага за да се утврдат причините за пожарот и да се спречат слични инциденти во иднина. Прелиминарните резултати од истрагата упатуваат на можни технички пропусти, иако се шпекулира и за можен човечки фактор или саботажа, што предизвика дополнителни сомнежи и загриженост кај јавноста.
Инцидентот предизвика незадоволство кај гласачите и политичките актери, бидејќи многумина изразија загриженост поради можната загуба на гласови и влијанието врз вкупните резултати од изборите. Портпаролот на локалната изборна комисија изјави дека на сите гласачи погодени од овој инцидент ќе им се даде можност повторно да гласаат и дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за да се обезбеди интегритет и транспарентност на изборниот процес, пренесува Еј-би-си. Во меѓувреме, дополнителни избирачки места се обезбедени во околните области за да се спречи метеж и да им се овозможи на гласачите непречено да ја извршуваат својата граѓанска должност.
Медиумите и социјалните мрежи во САД вријат за овој настан една недела пред официјалните претседателски избори меѓу Камала Харис и Доналд Трамп, во вжештена и поларизирачка предизборна атмосфера. Инцидентот стана предмет на расправии на национално ниво, со акцент на потребата од подобрување на безбедносните мерки за време на изборите.