сабота, 27 јули 2024

Во Америка се урна суперсоничен „невидлив“ бомбардер, екипажот се катапултирал

Американски суперсоничен „невидлив“ авион Б-1 „лансер“ се урнал при слетување во сојузната држава Јужна Дакота. Четирите члена на екипажот, стационирано во базата на американското воено воздухопловство Елсворт, безбедно се катапултирале.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Несреќата се случила околу 18 часот по локално време. Екипажот бил на тренажна мисија, објави воздухопловната база Елсворт. Во времето на несреќата видливоста била лоша, а температурата ниска.

Б-1 е конвенционален суперсоничен бомбардер кој делумно користи таканаречена стелт технологија, која драстично му го намалува радарскиот одраз и го прави делумно „невидлив“. За првпат влезе во служба во 1980-тите. Беше користен во азиско-пацифичкиот регион за спроведување на американските операции во Авганистан.

САД во 1994 ги повлекоа Б-1 од потенцијалните нуклеарни мисии. Иако американските воздухопловни сили не трошеа понатамошни средства за одржување на нуклеарните капацитети, Б-1 се сметаше за тежок бомбардер опремен за нуклеарно вооружување сè до 2007.

Изворно ги имало 100, но сега ги има помалку од 60 во служба во воздухопловните бази Дајс во Тексас и Елсворт во Јужна Дакота.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ