сабота, 27 јули 2024

Во Албанија уапсен верски екстремист за „поттикнување тероризам“

Објавено на

часот

Сподели

Според полицијата, 56-годишникот од албански Кукуш имал верски екстремистички тенденции.

По неколкумесечни истраги, полицијата соопшти дека идентификувала маж што се криел зад неколку лажни профили на социјалните мрежи, на кои се објавувале различни објави за поддршка на милитантната група Исламска држава или повици за поддршка во војната во Сирија.

Осомничениот се товари за кривично дело „поттикнување, јавно поттикнување и промовирање на извршување дело со терористичка намера“.

Иако Албанија не била цел на терористички напади, голем број албански државјани се радикализираа и се бореа со ИСИС од 2012 до 2016 година.

Властите во Албанија известија дека 144 нивни граѓани ѝ се приклучиле на терористичката организација само во 2013 година.

Албанија го ажурираше своето законодавство за активности поврзани со тероризам, вклучително и учество во терористички групи или оружени конфликти во странство, а во 2015 година го основа Центарот против насилен екстремизам и усвои национална стратегија што се фокусира на радикализација и екстремизам.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ