сабота, 27 јули 2024

Во акцијата на косовската полиција во Поштенска штедилница се одземени 1,6 милиони евра и 75 милиони динари

Косовската полиција соопшти дека покрај затворањето на шест „нелегални“ единици на Поштенска штедилница се одземени и разни материјални докази меѓу кои 1,6 милиони евра и 75 милиони динари (околу 640 илјади евра).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Запленети се околу 1.600.000 евра, околу 74.700.000 динари, околу 19.500 франци, околу 13.800 американски долари, 40 австралиски долари, како и релевантна документација и докази во врска со случајот“, наведено е во соопштението.

Се додава дека „шесте подружници на Поштенска штедилница на северот се затворени и во нивните објекти се поставени официјални знаци за нивното затворање, а понатамошните полициски акции ќе бидат спроведени во соработка и координација со органите за правосудство“.

Косовската полиција соопшти дека акцијата на северот на Косово е спроведена по извештаи на институциите за финансиски надзор.

Акцијата во општините Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток ја следеле и припадници на мисијата на Европската за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) и НАТО (КФОР).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ