понеделник, 23 септември 2024

Во Агенцијата за катастар на недвижности за два месеци решени 5.600 заостанати предмети

Во последните два месеца, бројот на заостанати предмети во подрачните одделенија на Агенцијата за катастар на недвижности е намален за 85%. По назначувањето на новото раководство и по интерната реорганизација, бројката од 5.600 нерешени предмети е сведена на само 980 предмети, од кои 300 се тековни и 680 се заостанати предмети, соопшти Агенцијата за катастар.

Објавено на

часот

Сподели

„Соодветната организација во работењето, грижата за вработените, инвестирањето во човечки ресурси и материјални средства, го дава посакуваниот ефект. Кога дојдов во агенцијата, затекнав повеќе од 5.000 нерешени предмети, таа бројка денес е намалена за повеќе од 80%, а без застој се решаваат и тековните предмети“, вели директорот Иван Живковски.

„Целта на агенцијата да биде вистински сервис на граѓаните, каде тие ќе добијат квалитетна услуга по нормални цени. Во таа насока покрај решавањето на заостанатите предмети, во тек е и процесот на дигитализација на услугите, кој се одвива според планираната динамика. Исто така, наскоро ќе биде спроведено и намалувањето на цените на услугите, што беше најавено минатиот месец. До крајот на годината, Агенцијата ќе презентира уште неколку важни проекти кои ќе овозможат полесен пристап на граѓаните и компаниите до услугите на катастарот“, стои во соопштението од Агенцијата за катастар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ