понеделник, 13 мај 2024
Симболичен гест

Во Аеродром засадени 15 дрвца во чест на исто толку загинати работници

Во чест на 15-те загинати работници на своето работно место во текот на 2023 година, а со цел подигнување на свеста за ова прашање, денеска симболично засадивме 15 садници во рамки на новиот парк во Аеродром, соопшти градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски на својот фејсбук-профил.

Објавено на

часот

Сподели

Тој посочи дека оваа иницијативата е на Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија која се реализира со  поддршка на општината.

„Општина Аеродром како партнер во оваа иницијатива ќе вложи напори за хортикултурно уредување на овој простор. Паралелно реализираме и набавка на сертифицирана опрема, изработена според потребните стандарди, преземаме конкретни мерки за подигнување на безбедноста при работа, на лицата кои се вработени во општината и комуналното претпријатие“, рече Муцунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ