сабота, 26 октомври 2024

Во 50 налети хеликоптерот на МВР фрли 125 тони вода (ВИДЕО)

Хеликоптерот Ми-171 од Хеликоптерската единица за посебни намени во МВР дејствуваше врз пожарите во реонот на Прилеп и во Катланово, соопшти МВР. Според МВР, во 50 налети фрлени се над 125 тони вода.

Објавено на

часот

Сподели

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 19 часот вечерва има вкупно 26 пожари на отворен простор од кои 18 се изгаснати, а активни се осум. Во скопскиот регион има два активни пожара, во општина Петровец, кај селата Градманци, Брезница и Катланово, каде гори нискостеблеста шума и во Општина Чучер-Сандево, кај селото Танушевци, во месноста викана Рамно, каде гори мешана шума.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ