Зголемувањето од 0,9 проценти во 2024 година претставува благо намалување во однос на стапката во 2023 година, кога светската популација порасна за 75 милиони луѓе.
Во јануари 2025 година во светот се очекува секоја секунда да се раѓаат 4,2 човечки суштества, а да умираат две.
Бројот на жителите на САД пораснал за 2,6 милиони луѓе во 2024 година, а на Нова година ќе достигне 341 милион луѓе, објави Бирото.
Претстојниот јануари САД се очекува да имаат едно раѓање на секои 9 секунди и една смрт на секои 9,4 секунди.
Миграцијата на секои 23,2 секунди ќе му додаде по едно лице на американското население.
Комбинацијата на раѓања, смртни случаи и нето-меѓународна миграција ќе ја зголеми популацијата на САД за едно лице на секои 21,2 секунди, се додава во соопштението.
Во текот на првите пет години од оваа деценија, населението на САД пораснало за речиси 9,7 милиони луѓе, што е стапка на раст од 2,9 проценти.
Во текот на целата претходна деценија, населението на САД пораснало за 7,4 отсто, што е најниска стапка на раст од 1930-тите.