„Бесиан Ахмети, сега од позиција на службеник во извесен период бил поставен за мониторинг врз договорите за концесии на минерали, бизнис со кој се занимава неговата фирма, која останала во единствено сопствеништво на неговиот брат Дрин Ахмети.
Бесиан Ахмети како службеник задолжен за мониторинг над концесиите за минерали, можел да влијае врз конкуренцијата на неговиот брат Дрин Ахмети, за Еверест ЏД, во која и самиот бил содружник.
Али Ахмети го гради кланот Ахмети, додека тој е пратеник и лидер на ДУИ, членови на неговото најблиско семејство влегуваат во мултимилионски бизниси и одлучуваат во институциите за судбината на други бизниси, кои можат да им бидат конкуренција.
Одговорност ќе има. Иако сега таткото на Бесиан и Дрин Ахмети стои на главата на Ислам Абази, наскоро ќе дојде време кога секој од нив ќе треба да одговори што правел“, рече Ковачки.