сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: За Ковачевски 2.500 евра апанажа, а за граѓаните нема илјада евра за да истуркаат месецот

„Владата на СДС и ДУИ во заминување повторно удира по џебот на граѓаните. За 1.500 денари се зголеми потрошувачката кошница на граѓаните само за месец март и со тоа истата изнесува 59.000 денари. За да се прехрани едно четиричлено семејство потребни им се најмалку три минимални плати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Никогаш не се живееле полошо како сега со владата на СДС и ДУИ. Димитар Ковачевски со апанажа од 2.500 евра не чувствува глад, но наши 600.000 сограѓани дневно живеат со по 150 денари.  Додека СДС и ДУИ ги уживаат привилегиите и удобствата на функциите, го уништија животниот стандард на граѓаните. Се повеќе граѓани живеат на работ на егзистенцијата. СДС и ДУИ за 7 години донесоа само беда и сиромаштија. Затоа потребни се промени“, се вели во партиското соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ