петок, 13 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: За Груби и Ковачевски и легалните и дивите градби на трасата на коридорите се еднакви

Објавено на

часот

Сподели

„Со измената на законското решение за потребите на изградбата на коридорите Груби и Ковачевски го изедначуваат статусот на легалните и нелегалните објекти, односно нелегалните објекти кои се градени без дозвола, без документи, ќе бидат обештетувани со иста мерка како и легалните објекти во процесот на експропријација.

Тоа значи дека ако утре некој изгради нелегален објект на трасата, Груби и Ковачевски ќе потрошат огромна сума народни пари да го платат сето тоа. Ваквите решенија на крими дуото Груби-Ковачевски стимулираат неправда и неправо, стимулира урбанистички јавашлук и хаос, а сето тоа да го плаќаат даночните обврзници.

Но што да се очекува од такви ликови кои во политиката функционираат со заобиколување на законите и прописите. Не е ни чудо што ја осиромашија државата. Изборите се единствено решение за нив, најпрво да одговараат пред народот, а потоа да одговараат и пред правосудните органи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ