„СДСМ и ДУИ треба да се извинат за дозволата Артан Груби да прави милионски криминал. Тие седум години ги осиромашија граѓаните, ги оставија со празни џебови и создадоа хаос во институциите,“ истакнаа од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека нивната влада презема одговорни мерки за раст на платите, пензиите и економијата: за прв пат пензиите се покачени за 5.000 денари само за една година, во здравството, платите ќе се зголемат за 40-50% во следните четири години, со постепени покачувања секоја година и во образованието е договорен стабилен раст на платите.
„Буџетот за 2025 година е развоен и насочен кон потребите на граѓаните. Платите, пензиите и субвенциите растат, додека економијата постепено се стабилизира од нерамнотежата која ја предизвика владата на СДС и ДУИ,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата истакна и реализација на значајни инфраструктурни проекти, како што се експресниот пат Куманово-Крива Паланка и железничката делница Куманово-Бељаковце. Исто така, отворени се девет нови авионски линии и се работи на модернизација на земјоделството и енергетска ефикасност.
„Граѓаните добиваат партнер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ која работи на одржлив раст, подобар животен стандард и економски напредок,“ заклучуваат од партијата.