вторник, 12 ноември 2024

ВМРО -ДПМНЕ: Владата на ДУИ лани дала 7 милиони евра на партискиот донатор Еуровиа

ДУИ ги гледа институциите како алатка за тендери, кои редовно ги добиваат нивни блиски фирми, а парите неретко завршуваат и во самата партија, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ во денешното партиско соопштение.

Објавено на

часот

Сподели

„239-от ден од 2023 година, Бујар Османи од ДУИ, преку МНР и дава тендер од 1.8 милиони евра на Еуровиа донатор на ДУИ. Во јуни месец 2023 година, Ејуп Рустеми од ДУИ како директор на Јавното претпријатие за државни патишта и дава тендер на истата Еуровиа, донатор на ДУИ од 1.9 милиони евра, за чистење канавки и кресање банкини по автопат. За ДУИ работи и СДС. Спасовски на истата Еуровиа и дал тендер од над 2 милиони евра за изградба на полициска станица во Аеродром. Спасовски го следи и Шукова, која преку Министерството за животна средина на Еуровиа и дала над 1 милион евра за регулација на одводен канал во Арачиново“, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата пресметале дека за една година, од институциите со кои раководи ДУИ и СДСМ донаторот на ДУИ добил скоро 7 милиони евра тендери.

„Од Еуровиа во ДУИ, од ДУИ преку институциите за Еуровиа. Смрди на криминал и корупција. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ