сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ветуваме нов клинички центар, повеќе бесплатни лекови, едукација на здравствениот кадар

Објавено на

часот

Сподели

„Редеа само скандали, местење на тендери, обиди за распродавање на јавното здравство, крадење лекови од граѓаните како скандалот Онкологија.

Медицинскиот кадар го заборавија, наместо да го задржат го мотивираа да замине. Немаше доедукации, немаше соодветни планови за вработување на медицинскиот кадар. За оние кои остана во државава не обезбедија соодветни услови за работи.

Или зад себе за седум години оставија само деградација на здравствениот систем и кадар кој е демотивиран од непотистичките, исполитизирани вработувања, без критериуми.

Ова е слика на владеење на СДС, но проектите кои ги нуди ВМРО-ДПМНЕ за здравството се нешто поинаку.

ВМРО-ДПМНЕ има јасна намера да го врати стариот начин на функционирање на Клиничкиот центар, односно еден Клинички центар и ќе инвестира во инфраструктурата во здравството. Регионализацијата ќе биде приоритет, бидејќи само така може да се растерети кампусот клиники Мајка Тереза.

Во иднина ќе се реализираат едукации и доедукации за медицинскиот кадар, ќе се направи кадровска стратегија со цел да се задржи медицинскиот кадар во Македонија.

Ревидирањето на позитивната листа на лекови ќе биде приоритет, бидејќи лекувањето со нови лекови им е недостапно на пациентите.

Јавното здравство е столб на целиот здравствен систем. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на постигнување ефективност, ефикасност и економичност.

Едноставно е, има разлика СДС ја уништи државата, ние ја враќаме државата, ја враќаме вербата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ