сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Велешките пензионери рекоа дека Мицкоски е првиот лидер што дошол кај нив

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на партиските активности во Велес остварил средба со пензионерите. Според соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, тие му кажале дека тој е првиот лидер што посакал директно да слушне зошто за првпат во Македонија пензионерите излегуваат на улица и протестираат.

Објавено на

часот

Сподели

Според партиското соопштение, Мицкоски имал можност не само да ги слушне проблемите на пензионерите, туку и да им ги каже решенијата кои идната владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги направи за нив.

Од претставник на Сојузот за достоинство на пензионерите Мицкоски слушнал дека во моментот половина од пензионерите се на работ на егзистенцијата.

„Пензионерите протестираат од три причини кои што се основни зошто се доведовме во оваа ситуација. Првата причина е што пред неколку години беше напуштен стариот систем на нивелирање на пензиите кога пензиите се нивелираа по две основи и тоа е грешка на оваа влада. Зошто тоа се случи? Тоа се случи поради втората причина, а тоа е многу од средствата кои што требаше да бидат наменети за пораст на пензиите завршија во недомаќинско трошење односно во тендери во четири очи“, кажал Мицкоски и порачал дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите на пензионерите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ