„Оваа веледрогерија, која е во сопственост на таткото на Ирина Пановска, која токму Венко Филипче ја има поставено за директорка на Клиниката за хематологија од 2022 година, до сега има земено неверојатни 35 милиони евра тендери, само од Клиниката за онкологија и радиотерапија.
Веледрогеријата Пановски, инаку блиска до Венко Филипче, секоја година само од Онкологија земала над 12 милиони евра годишно.
Имено, секоја година првите два до три месеци, има недостаток на терапија за лицата болни од рак, а токму истата веледрогерија секоја година набавува лекови по екстремно високи цени, знаејќи дека луѓето кои се тешко болни ќе мораат да ги набават овие лекови за тие цени.
Мафија на смртта’ не е само политички термин, туку реалност која ги уништува животите на македонските семејства веќе три децении.
Со тоа што Филипче, преку СДС, ја брани веледрогеријата Пановски, се поставуваат неколку прашања:
1.Дали оваа вештачка криза се создава само за да се купуваат лекови по енормно високи цени од веледрогеријата Пановски?
2.Дали Венко Филипче мора да одговори дали ја поддржува оваа веледрогерија во кризата и дали тој стои зад истата?
3.Колкави се вистинските екстра заработки на фармацевтската мафија?
4.Кој профитира на страдањата на болните?
Ја повикуваме јавната обвинителка и целокупниот правосуден систем, да преземат итни и решителни мерки за да се стави крај на оваа долгогодишна неправда.
Овие луѓе во корелација, тргуваат со животите на луѓето и мора да бидат изнесени пред правдата. Не смееме да дозволиме, овие луѓе да си играат со животите на граѓаните и да се богатат врз здравјето на истите“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ во своето партиско соопштение.