понеделник, 24 јуни 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Веќе требаше да почне постапката за одговорност на одговорните за скандалот со хируршките сали

Цели 20 дена владее хаос на Клиниката на хирургија, 20 дена владее тотален колапс во терцијалното здравство во Македонија. Клучната клиника кај што се изведуваат најкомплицираните хируршки операции и кај што се третираат најтешките случаи во Македонија, не функционира поради неодговорноста на власта во заминување, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Дваесет дена не се врши санација на хируршките сали, ниту пак се наоѓа решение за состојбите, што е врв на негрижата која СДС и ДУИ ја покажаа кон народот сега на заминување. Не би сакале да веруваме дека нивната ваква неодговорност е одговор на волјата на граѓаните изразена на изборите. Скандалот да биде поголем се работи за санација која чини се на се 120 илјади евра и оваа екипа од СДС и ДУИ за седум години власт не најде простор да ја реализира. Ако овие 7 години работеа како што треба, немаше да се доведеме во ситуација како држава здравјето на толку голем број граѓани и здравствениот систем во целина да бидат доведени во прашање. Да се случеше нешто слично во европска држава, досега раководните функционери не само што ќе беа ‘искуферени’ од нивните фотелји истиот ден, туку следниот ден ќе беше поведена постапка за нивна одговорност пред законите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ