Конечна одлука за тоа кои ќе бидат имињата на кандидатите за градоначалници, Мицкоски вели сè уште не е донесена, но, како што рече, во тек е внатрепартиска дебата и од страна на општинските комитети веќе се пристигнати предлог-имињата кои треба да се најдат на претстојните анкети и мерења.
„Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов направи голема разлика, кога би се споредило со неговите претходници и тука очекувам така да продолжи во периодот пред нас. Што се однесува до останатите кандидати за градоначалници во другите општини низ Македонија, сè уште како партија и коалиција не сме донеле конечна одлука кои ќе бидат имињата. Во моментот во тек е внатрепартиската дебата и од страна на општинските комитети се пристигнати предлози и имиња кои што треба да се најдат на анкетите и мерењата“, посочи Мицкоски.
Анкетите, додаде, ќе започнат да ги спроведуваат во втората половина од месецов и како што рече, очекувањата се во мај да бидат соопштени до 90 отсто од мерењата.
„Започнуваме во втората половина од јануари да мериме интензивно и очекувам во втората половина од мај 85 до 90 отсто од мерењата да ги соопштиме на граѓаните за тоа кои ќе бидат кандидатите за градоначалници“, додаде Мицкоски.