сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Судиите и обвинителите како политичка алатка на власта

Објавено на

часот

Сподели

„Ниту еден случај отворен против функционери на оваа власт не е завршен, ниту имаме правосилно осудени лица.

За народот казните се драконски, а за функционерите од власта или до нив поврзани лица воопшто не доаѓа до завршница на случаите.

Метастазата на партизација на правосудните институции е еманентна. Една од институциите која е под силен притисок на власта е и Републичкиот судски совет, каде гледавме како се поставуваат и менуваат партиски послушници, по принципот постави – смени по потреба.

Власта со циркузот во кој ги претвора институциите како Републичкиот судски совет допринесе за недовербата на граѓаните во правосудството. Затоа е потребно за состојбите во оваа институција да се расправа во собранието.

Власта да не бега од соочување, и да запре со притисоците и злоупотребите на институциите“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ