петок, 26 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Со злоупотреби на ваучерите за спорт, Каевски станал милионер

 

Објавено на

часот

Сподели

„Во предметот на Државната комисија за спречување на корупцијата, врз основа на кој како што известија медиумите е поднесена пријавата и отпочната постапката се присутни сомневања дека спортските федерации, клубовите и спортистите добиваа ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување.

Сега е повеќе од јасно зошто Каевски беше најжесток гласноговорник на СДС, повеќе од очигледно е дека интересот му бил голем.

По оваа афера станува јасно зошто спортот во Македонија во последните 7 години е на историско најниско ниво. Наместо за развој на спортот, парите наменети за истиот се пренасочувани во криминални шеми.

Време е да го вратиме спортот во рацете на спортистите. Време Македонија повторнo да биде твоја“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ