сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Со ДДВ-то власта на ДУИ и СДС го одра народот до гола кожа

 

Со зголемувањето на ДДВ-то за производите кои секојдневно ги купуваат граѓаните, Владата уште повеќе го уништува стандардот. Инфлацијата наместо да се заузда со овој потег на власта таа ќе се зголеми, сиромаштијата ќе се зголеми, а на сметка на тоа буџетот ќе се полни на грбот на народот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Со поскапувањето на детската храна, цвеклото, наполитанките, сирење, урда, фефероните, кашкавалот, не се поскапуваат никакви луксузни производи како што говореше власта, туку се прави измама преку која ќе се полни буџетот кој после ќе се троши за криминални тендери, или за луксузирање на функционерите од власта. Очигледно дека власта има двојни аршини, за народот сметаат дека урдата и сирењето треба да бидат луксуз, а за себе смета дека е нормално да јадат бифтеци, фстаци и морски плодови.

Оваа криминална власт на ДУИ и СДС го одра народот до гола кожа. За тоа мора да има одговорност, а казната ќе ги снајде на следните избори“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ