четврток, 13 март 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалистот Трендафилов како партиски портпарол на СДС

Нелегално избраниот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов продолжува да биде партиски портпарол на СДС и да одработува за нивните интереси. Пиунот Трендафилов кој се разбуди од зимскиот сон, наместо да се грижи за работниците и нивните права, тој единствено се занимава со напади кон власта со насоки сервирани од Бихаќка, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Трендафилов сам призна дека е обединет со опозицијата и дека во координација со нив има илузорни барања кои не се поткрепени со анализи, туку се поткрепени со наредби од Бихаќка.

Тој е првиот синдикалец кој не го поздрави зголемувањето на платите на работниците во образованието, здравството, АРМ, МВР и администрацијата.

Пиунот на СДС не го интересира работникот, Трендафилов го интересираат само неговите излегувања по ТВ емисии, каде што пред секое негово јавно појавување оди на координација на Бихаќка.

Трендафилов јавно лаже и манипулира со јавноста, продолжува да изработува за подарокот што го доби од СДС, кој го ставија на незаконски начин да биде претседател на ССМ, за кога тие беа на власт тој да молчи и да ги поддржува нивните политики.

Трендафилов со плата од повеќе од 1.000 евра, службено возило и репрезентации, воопшто ниту знае, ниту го интересира како му е на работникот кој врзува крај со крај, заради лошите економски политики на неговите надредени, а тоа се СДС.

Тој молчеше и кога граѓанинот денот го поминуваше со само 150 денари. Молчеше за нападите од Џафери кон вработени во Собранието, молчеше на сексуалните напади врз припаднички на армијата од страна на старешини, а сега на копче се разбуди од зимскиот сон. Граѓаните да бидат спокојни, платите се покачуваат во секое поле“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ