четврток, 6 март 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалецот Трендафилов е незаконски избран

Слободан Трендафилов сега глуми синдикалец, откако глас не пушти за работничките права и раст на платите во времето кога СДС беа на власт. Дали молчењето на Трендафилов и сега глумењето синдикалец загрижен за правата и достоинството на работниците е поради тоа што токму СДС го постави на чело на ССМ? Слободан Трендафилов на незаконски и крајно насилен начин, со кршење и изигрување на прописите, е поставен за претседател на ССМ, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Трендафилов не можел да биде избран на чело на ССМ, затоа што тој претходно не бил претседател на грански синдикат како што налага Статусот и законите, туку бил секретар.

Нелегалното поставување Трендафилов на чело на ССМ се случи за време на власт на СДС и беше дозволено токму од нив. Целиот тогашен државен систем го одмолчи ова незаконие, со цел на чело на овој синдикат да дојде послушник кој што ќе биде мирен и ќе молчи за време на власт на СДС, а ќе глуми синдикалец кога ќе бидат во опозиција.

Сега на дело можеме да го видиме ваквото делување на Трендафилов, бидејќи неговите ставови се идентични како на тие на СДС, што човек би помислил дека се координирани во штабот на Бихаќка. Слободан Трендафилов нема автентично делување, тој го пресликува и во целост усогласен со СДС.

Затоа и до сега никаде го немаше и како синдикалец, Трендафилов молчеше за системското деградирање на работникот во време на владеење на СДС, премолчи кога Талат Џафери пцуеше вработени во Собрание, збор не кажа за сексуалните напади врз припаднички на армијата од страна на старешини. Народот го прочита Трендафилов и знае дека тој е на тастер на СДС.

Исто така, народот гледа дека ВМРО-ДПМНЕ на власт посветено работи на подобрување на животот на граѓаните, расте минималната плата, растат платите во здравство и образование, пензиите и со докажаниот раст на економијата ќе продолжат да растат и платите во приватниот сектор“, соопшти партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ