четврток, 6 март 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалецот Трендафилов да каже колку тајни состаноци имал со опозицијата

Слободан Трендафилов е испостава на СДС, Левица и ДУИ. Слободат Трендафилов не е никаков синдикалец, тој спроведува политики усогласени со, јавно необјавената, опозициската коалиција СДС-ДУИ-Левица. ССМ под водство на Трендафилов, нема свое автентично делување за заштита на работничките права, туку следи насоки дадени од опозициjaта, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Наместо на синдикално делување, Трендафилов свесно се стави во канал на партиско делување и одработување за СДС, ДУИ и Левица, а работниците и членовите на ССМ ги манипулира. Но, тие се прочитани и нивниот план е разобличен и осуетен.

Иако коалицијата сѐ уште ја кријат, јавноста многу добро знае дека СДС, ДУИ и Левица имаат премолчена коалиција, а тоа се гледа и во нивните јавни настапи и координирани теми за прес-конференции и партиски соопштенија.

Затоа прашуваме, Слободан Трендафилов да каже колку тајни состаноци имал со опозицијата на чело со СДС и со кого се координира пред секој јавен настап?

Повикуваме, Трендафилов да престане да ги лаже работниците и јасно да каже, дали СДС, ДУИ и Левица му кажале да излезе со илузорни барања, за потоа да се налепат на темата со прес-конференции?

Исто така, Трендафилов да каже дали самите работници го осуетиле и го разоткриле планот на СДС, ДУИ и Левица кој тој го спроведува, па цела недела порано опозициската коалиција се приклучила со наводни предлози и решенија?

Паниката од разобличувањето на нивното усогласено координирање е голема и кај Слободан Трендафилов и кај СДС, ДУИ и Левица. Тоа може да се види од внатрешното делување во ССМ и промените на Статутот кои се прават на секој месец два, како и од хистеријата што оваа коалиција секојдневно ја креира.

Кај Слободан Трендафилов нема ни трошка грижа за работничките права, тоа е само глума пред јавноста и лажење на синдикалците, одработувајќи и отворајќи им теми за партиско делување на очајната опозициска коалиција составена од СДС, ДУИ и Левица.

Нивниот план е откриен, а делувањето прочитано, затоа ќе продолжиме со разобличувањето на Трендафилов и неговата поврзаност со опозициската коалиција СДС, ДУИ, Левица“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ