сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Штрајк на вработените од железници, кој е Зуљхајрат Демири, новиот директор?

Објавено на

часот

Сподели

„Ете тоа е концептот на СДСМ и ДУИ за железниците во Македонија. Поради штрајк на вработените веќе 4 дена возовите не возат, а никој мува не го лази. Ниту новиот директор излегол да објасни што се случува, ниту пак министерот Бочварски се засекирал. Се наближува 9 април јубилејот од 150 години железници во Македонија, а возови по пругите нема.

Кога сме кај новиот директор Зуљхајрат Демири, трагајќи по неговата професионална биографија која патем ја нема на официјалната веб страница на МЖ Транспорт, на социјалната мрежа фејсбук може да се најдат фотографии од 2017 година по кои може да се заклучи дека бил ангажиран светот на угостителството.

Во недостаток на информации за неговата стручна способност се прашуваме кое образование, кои  обуки, која стручна подготовка ја завршил и со што заслужил Зуљхајрат Демири да биде директор на Македонски железници транспорт?

Поради ваквиот однос кон железниците во Македонија имаме целосен распад на железничкиот систем. Затоа се потребни избори и промена на оваа расипничка антимакедонска и антиевропска власт“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ