сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Сега Русковска има шанса да ги признае сите злодела

Објавено на

часот

Сподели

„Во ситуација кога корупцијата е толку голема и несанкционирана, тешко е да се посочи правичен и меродавен орган кој објективно ќе оценува правосудни чинители. Сосема е можно ова да е резултат на ‘мафијашка пресметка’ во правосудството, но како факт останува дека Русковска доби заслужена максимална деградација од Советот на јавни обвинители. Како обвинител за кој многупати реагиравме дека е инструмент на власта во прогонот кон неистомислениците и патриотите, Вилма Русковска допрва ќе има прилики да зборува и да ги признае сите злодела кои ги извршила како и тоа по чија наредба. Ова е само мала правдина за неправедно осудените, вистинската ќе дојде со нивната слобода и кривичната одговорност за Русковска и нејзините соучесници“, сooпшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ