Според соопштението, скандалот се поврзува со тендери за набавка на телевизори, компјутери и комуникациска опрема во вредност од 400.000 евра. Тие додаваат дека иако е потпишан прием за опремата, по проверки таа не била пронајдена.
„СДСM знаеле за ваквиот криминал, но свесно молчеле за да ги остават Груби и ДУИ да крадат од институциите. Дури и сега, кога сè излегува на виделина, ги нема да го осудат ваквото однесување и да го повикаат Груби да се врати во Македонија за да се соочи со правдата.
Следува одговорност за сите што работеле спротивно на законите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.