петок, 19 април 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири лажна вест, фотографијата на Силјановска Давкова е стара 5 години

Лажна вест, бараме извинување, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ пласирано со фотографија на кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев

Објавено на

часот

Сподели

@СДС се фатени живи како шират лажни вести, фотографијата која што ја лиферуваа на Гордана Силјановска со Андреј Ковачев е стара најмалку 5 години, и е настаната при случајна средба на еден од заедничките европски настани.

Да потсетиме таа е од времето кога Бојко Борисов беше брат на лидерот на СДС Зоран Заев, а од страна на Стево Пендаровски беше поздравуван со љубави.

Очекуваме СДС да се извини поради ширењето на вакви брутални лаги кои што се супститут на очигледната безидејност на нивната партија. А најдобар доказ дека ова е стара фотографија е фотографијата на Андреј Ковачев од 2024 година, која што ви ја испраќаме во прилог. Гордана Силјановска во рамките на Конгресот на ЕПП во Букурешт нема никаква средба со Андреј Ковачев“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ