четврток, 16 јануари 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче упорно го штитат Груби и криминалот на ДУИ

СДСМ и Венко Филипче месец дена се обидуваат да ги прикријат сопствените грешки и одговорноста за криминалот на Груби и ДУИ во нивниот мандат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„СДС цел месец не покажува доблест да се извини и упорно се обидува да го заштити Груби. Наместо одговорност, тие ги манипулираат граѓаните и дефокусираат, иако целата јавност знае дека токму СДС беше онаа која му овозможи на Груби да го спроведува својот криминален поход врз државните ресурси,“ велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не само што биле свесни за криминалот на Груби, туку свесно го толерирале.

„Тие беа водени од единствениот нивни приоритет – останување на власт,“ додаваат.

Партијата оценува дека декларативните изјави и формалните обиди на СДСМ да се огради од ДУИ се неубедливи и провидни.

„Народот знае дека зад секоја криминална активност на Груби стоела премолчана поддршка од СДС.“

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека СДСМ се наоѓа на крстопат и дека, ако сакаат да покажат капацитет за внатрешни реформи, неопходно е јавно да се извинат за криминалот на Груби.

„Доколку тоа не го направат, само ќе докажат дека и понатаму го штитат и се дел од истите структури кои со години работат на штета на државата и граѓаните,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ