вторник, 14 јануари 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се соучесници во криминалот на ДУИ и Груби

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, додека беа на власт, свесно дозволиле криминалот и корупцијата во редовите на нивните коалициски партнери од ДУИ да се шират без пречки.

Објавено на

часот

Сподели

„СДС дозволи корупцијата да достигне пандемиски размери, додека молчеше и создаваше атмосфера на немоќ. Истовремено, беше дел и соучесник во очигледниот мегаломански криминал и пљачкање на народните пари. СДС и Филипче беа сведоци на сомнителни активности, но преку јавниот дискурс проектираа слика на незнаење и неинформираност“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат СДСМ и ДУИ да излезат пред јавноста и да им се извинат на граѓаните за дозволените злоупотреби и криминал.

„СДС и Филипче треба да покажат политичка одговорност и јавно да признаат дека дозволија ДУИ и Артан Груби со години да ги крадат народните пари. Ако се искрени во намерата за расчистување на овие сомнежи, треба проактивно да соработуваат со правосудните органи и да ги споделат сите информации за кои имаат сознанија. Во спротивно, тоа ќе биде прикривање на криминалот и продолжување на штетната практика на неказнивост“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија оценуваат дека СДСМ се обидува да се дистанцира од ДУИ преку декларативни изјави, но тоа е недоволно.

„Ваквиот пристап, лишен од конкретни чекори, ја продолжува недовербата кај граѓаните. СДС треба да се извини што го толерираше Груби и неговите активности, а одговорност мора да понесат и сите кои му овозможија да дојде до оваа точка“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ