сабота, 4 јануари 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години власт на криминалниот тандем СДС и ДУИ, нè доведе до крах на системот

Од партијата на власт, ВМРО-ДПМНЕ, реагираат на интервјуто на заменик претседателката на опозициската СДСМ, Фани Каранфилова – Пановска, која посочува дека СДСМ на локалните избори ќе има соодветна програмска и концепциска понуда, како кандидат што ќе може да го рехабилитира главниот град.

Објавено на

часот

Сподели

„СДС до пред 6 месеци беа власт, тие не доведоа до крах на системот, кој сега ВМРО-ДПМНЕ го обнови

Новото раководство на СДС, изгледа не се сеќава дека до пред шест месеци беа на власт. Но, затоа ајде да ги потсетиме!

Седум години власт на криминалниот тандем СДС и ДУИ, нè доведе до крах на системот и пораст на криминалот и корупцијата.

Седум години власт на криминалниот тандем СДС и ДУИ, не направи ништо за да се зголемат платите во образование, здравство, администрација и останатите.

Седум години власт на криминалниот тандем СДС и ДУИ, правеа матни тендери во четири очи, го испокрадоа буџетот, за малку ќе прогласевме и банкрот како држава.

Седум години власт на криминалниот тандем СДС и ДУИ, инфлацијата беше двоцифрена, а платите не се мрдаа, ниту пак цените во маркетите се намалуваа.

Да ги потсетиме, новите деца на Заев и неговиот потрчко Филипче, дека ова време заврши.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се бори против криминалот и корупцијата, ги покачува платите во образованието, здравството, администрацијата, се зголемува растот на БДП, имаме над 720 милиони евра инвестиции, цените за живот се намалуваат, а инфлацијата е помала од 3%.

Оваа 2025 година, ќе биде полна инвестиции, нови автопати, градинки, болници, училишта, зголемени пензии и плати. ВМРО-ДПМНЕ кога нешто ветува, тоа и го реализира“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ